Научниците од ЦЕРН открија три нови „егзотични“ субатомски честички

Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) велат дека за првпат регистрирале три нови честички и дека овие сознанија се „неверојатен чекор напред“ во нашето разбирање на Универзумот.

Новите честички кои се откриени се „пентакварк“ и пар на „тетракваркови“, кои биле забележани со надградениот Голем хадронски судирач (ЛХЦ), кој продолжи со работа по три години пауза поради надградба на неговите инструменти. Новиот ЛХЦ сега на научниците им овозможува да анализираат 20 пати повеќе судирања на субатомско ниво од претходно.

„Откритието ќе им помогне на теоретичарите да развијат унифициран модел на егзотичните хадрони, нешто што во моментов во голем дел е непознато“, објаснува Крис Паркс, портпарол за ЛХЦб, експеримент преку кој научниците се обидуваат да истражат што се случило веднаш по Биг Бенг, односно почетокот на Универзумот.

„Сведоци сме на период на откритија сличен на оној во 1950-тите години, кога цела „зоолошка градина честички“ од хадрони започна да се открива и најпосле водеше кон модел на конвенционални хадрони во 1960-тите. Ние сега создаваме „золошка градина честички“ втор дел“, објаснува координаторот за физика на ЛХЦб, Нилс Тунинг.

Кваркот е електрон кој не може да се раздели на помали честички. Вообичаено се спојуваат во групи од два или три кварка за да формираат хадрони, како што се протоните и неутроните, кои го сочинуваат атомското јадро – основниот темел на Универзумот. Овие честички вообичаено се распаѓаат многу брзо и биле исклучително тешки за да се регистрираат пред надградбата на Големиот хадронски судирач.

Новиот, подобрен ЛХЦ ќе работи нон-стоп следните четири години.

„Колку повеќе анализи ќе направиме, толку повеќе егзотични хадрони ќе најдеме“, објаснува Тунинг.

Научниците се надеваат дека овој акцелератор на честички ќе им помогне да добијат нови информации за Темната материја. ЦЕРН исто така сака да открие повеќе сознанија околу процесите на настанување и исчезнување на малите честички кои ја создаваат материјата и антиматеријата во ЛХЦ.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.