Научници го вратиле времето во квантен систем

Група научници тврдат дека откриле начин за забрзување, забавување и враќање на времето со манипулација на карактеристиките на квантниот свет. Тимот од Австриската научна академија и Универзитетот на Виена ги објаснува своите откритија во шест труда.

Гледано на субатомско ниво, светот се состои од квантни честички наречени кубити кои технички може да постојат во повеќе од една состојба истовремено. Овој феномен е познат како квантно заплеткување. Научниците сега сфатиле како може да ги испратат овие честички напред или назад во времето.

Научниците велат дека успеале да вратат електрон во претходна состојба со помош на таканаречен протокол за премотување назад. Во експериментите тие демонстрирале употреба на квантен прекинувач за враќање на фотонот во првобитната состојба пред да помине низ кристал.

Овој протокол звучи возбудливо, но користењето на истата техника во поголеми размери може да биде екстремно тешко, речиси невозможно. Според научниците, враќањето на човек во претходна состојба би било возможно теоретски, но со моменталната техника тоа веројатно не би било успешно.

Освен тоа, времето потребно за завршување на процесот зависи од количеството на информации што може да се чуваат во системот. Тоа значи дека за човекот да се врати во состојба пред помалку од една секунда, ќе биде потребно процесирање од милиони години, што нема никаква смисла.

Извор: Futurism

Поддржете ја нашата работа: