Нова експедиција ќе го бара бродот на Шеклтон во длабочините на Антарктикот

Тим научници најавија експедиција за пронаоѓање на остатоците од одамна изгубениот брод на Ернест Шеклтон, „Ендоренс“, под темните и ледени води на Антарктикот.

Шеклтон и неговиот екипаж го напуштиле бродот во 1915 година откако бил уништен од мраз. Неговите остатоци сега лежат некаде на дното на морето Ведел, голем залив на западниот Антарктик. Неговата точна локација останува непозната, но новата експедиција планира да ја пронајде.

Експедицијата под кодно име „Endurance22“, предвидено е да започне во февруари 2022 година, а ќе се движи низ далечните јужни мориња, пробивајќи се низ километри мраз опремена со најсовремени подморници за скенирање на дното на океанот.

Ако научниците успеат да го пронајдат изгубениот брод, планираат да го истражат и да снимаат бродот, но, од него нема да земат никакви артефакти, бидејќи објектот е заштитен според меѓународната повелба за Антарктикот. Обидот на тимот за 2019 година да го лоцира легендарниот пловен објект беше откажан поради екстремните временски услови и една изгубена подморница.

„Обидот да се лоцира бродот, нешто што долго време се смета за невозможно и недостижно, е неизмерно возбудлива перспектива“, изјавил  Менсун Баунд, директор во мисијата Ендоренс22.

“Со оглед на екстремните услови во опкружувањето на Антарктикот, нема гаранции за успех, но ние остануваме инспирирани од големите истражувачи и го започнуваме „Endurance22” со големи надежи. Со најдобрата можна технологија и водечки светски тим за истражување, се надеваме и се молиме дека можеме да постигнеме значаен момент во поларната историја“, додал Баунд.

Херкуловиот обид на Шеклтон да го премине Јужниот пол е можеби најлегендарната приказна од „херојската ера“ на поларните истражувања. Поаѓајќи од островот Јужна Џорџија, Ендјуранс со недели се пробивал низ замрзнатите води кон југ, пред да се заглави непосредно покрај брегот на Керд. Екипажот опстанал повеќе од една година. Најпрво на бродот, а потоа и на огромната санта мраз, откако бродот претрпел оштетувања и потонал. Како одминувало времето, тие се впуштиле во жртвување и јадење на своите кучиња за да преживеат.

Пингвините и фоките биле следни на менито за гладните истражувачи, откако со чамци за спасување, се спуштиле на островот Слон. Токму од оваа ненаселена карпа Шекелтон и неговите морнари биле пронајдени од брод со китоловци. Тој заминал сам, но се вратил со спасувачки брод. Сите 28 членови на неговиот екипаж биле спасени.

Трупот на „Ендоранс“ сега лежи на длабочина од скоро 3.000 метри и се претпоставува дека е добро сочуван поради отсуството на светлина и ниската  содржина на кислород. Локацијата каде потонал, најавена во тоа време од капетанот на бродот, Френк Ворсли, е позната. Вистинската тешкотија за тимот на Endurance22 ќе биде пробивањето низ километарски дебелиот слој на  мраз во морето Ведел.

Иако климатските промени се очекува да го олеснат пробивањето на ледената плоча отколку во времето на Шеклтон, сепак пристигнувањето на локацијата каде потонал неговиот брод е сè уште предизвик. Начелно нивниот план е да се спушти подморница во подрачјето на бродоломот, којашто ќе се користи за пребарување на дното.

Поддржете ја нашата работа: