Пред две години, планетарните научници открија големо солено езеро под мразот на јужниот пол на Марс, ова откритие беше пречекано со голема возбуда кај одредени научни кругови но и со одредена скепса кај други.

Сега, истражувачите го потврдуваат присуството на тоа езеро – и пронајдоа уште три нови.

Откритието објавено на 28 септември во „Nature Astronomy“, беше направено со помош на радарски податоци од „Марс Експрес“ вселенското летало на Европската вселенска агенција, кое орбитира околу Марс.

„Го идентификувавме истото водено тело. но исто така пронајдовме и уште три други водени тела околу главното“, вели планетарниот научник Елена Петинели од Универзитетот во Рим, кој е еден од коавторите на трудот. „Се работи за комплексен систем“.

„Езерата“ се распространети на околу 75.000 квадратни километри – површина која е за 3 пати поголема од површината на Република Македонија . Најголемото, централно „езеро“ е со пречник од околу 30 километри и е опкружено со 3 помали „езера“, секое со пречник од по неколку километри.

На површината на Марс, слабиот атмосверски притисок што произлегува од недостаток на атмосфера на планетата, прави да постоењето на вода во течна состојба е невозможно. Но, научниците долго време се надеваат дека може да има заробена вода под површината на Марс, можеби остаток од времето кога планетата некогаш имала мориња и езера ( пред милијарди години ). Доколку постојат такви резервоари, тие би можеле да бидат потенцијални живеалишта за животот на Марс.

За присуството на самите Марсовските езера се уште се расправа. По откритието во 2018 година, дел од научниците се сомневаа дека без постоење на извор на топлина што би можел да го претвори мразот во вода наодите се сеуште контроверзни. И денес иако најновиот наод го поддржува набљудувањето од 2018 година и вклучува многу повеќе податоци, сепак не е секој убеден дека идентификуваните региони се течна вода.

„Ако светлиот материјал навистина е течна вода, мислам дека е веројатно да претставува некаков вид мешавина или тиња“, вели Мајк Сори, планетарен геофизичар на Универзитетот Пурдју во Западна Лафајет, Индијана.

„Jack Holt“ , планетарен научник од Универзитетот во Аризона во Тусон, вели дека иако смета дека последните податоци се во ред, тој не е сигурен за толкувањето. „Сметам дека тоа не се езера“.

Засега, изгледа ќе почекаме Кинеската  Tianwen-1 мисија на Марс да видиме какви податоци ќе испрати следната година и сега за сега можноста дека овие езера се остатоци од влажното минато на Марс се сеуште во игра.

„Можеби има многу вода на Марс“, вели Петинели. „И ако има вода, постои и можност за живот“.

Поддржете ја нашата работа: