Промоција на стихозбирката ,,Исихијаˮ на Невчева што ја доби наградата „Бели мугри“ за млад автор

Цветанка Невчева ја доби наградата ,,Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ и истата е дел од Едицијата: ,,Бели мугриˮ 2024.

Стихозбирката ,,Исихијаˮ ќе биде промовирана на 04 декември (среда) 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ- Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација ,,Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Пред 85 години од печат излезе стихозбирката ,,Бели мугриˮ од Кочо Рацин. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката ,,Бели мугриˮ. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата ,,Деновиˮ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска.

Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.