Пронајден редок розов дијамант – најголемото откритие во последните 300 години

Огромен розов дијамант од 170 карати е откриен во Ангола и се верува дека е најголемиот розов скапоцен камен пронајден во последните 300 години, објави АП.

Дијамантот е пронајден во рудникот за алувијални дијаманти Луло, по што го добил името „Луло Роуз“.

Во овој рудник се ископани 27 дијаманти од сто и повеќе карати.

Ова е петти и најголем дијамант кој е пронајден за краток временски период, пренесува Би-Би-Си.

Рудниците во Ангола се меѓу десетте најголеми светски производители на дијаманти.

Розовиот дијамант ќе го продава на меѓународен тендер анголската државна компанија за дијаманти „Содијам“.

Највредниот дијамант некогаш пронајден е јужноафриканскиот „Кулинан“, ископан во 1905 година и вредел 3.106 карати.

Поддржете ја нашата работа: