Розово езеро во Аргентина! Опасни токсини го загрозуваат целиот биотоп, еколозите во акција

Лагуната во јужниот дел на аргентина, Патагонија деновиве стана светло розова. Феноменот е истовремено неверојатен, но и застрашувачки. Експертите и активистите обвинуваат за загадување од хемикалија што се користи за конзервирање на ракчиња за извоз. Според нив, бојата е предизвикана од супстанцата натриум сулфит, анти-бактериски производ, чиј отпад е причината за загадување на реката Чубут што ја храни лагуната Крфо.

„Оние коишто треба да ги контролираат работите се оние кои одобруваат труење на луѓето“, изјави активистот за заштита на животната средина, Пабло Лада, обвинувајќи ја владата. Лагуната почна да се обојува минатата недела и сѐ уште е розова, вели Лада, кој живее од лагуната, лоцирана на околу 1470 километри јужно од Буенос Аирес.

Вирусологот Федерико Рестрепо за АФП изјави дека боењето би можело да предизвика зериозни проблеми врз живиот свет и појасни дека се должи на присуството на натриум сулфит во отпадот од риба, што според законот, треба да се третира пред да се исфрли.

Жителите на областа викендов ги блокираа патиштата за камионите што го пренесуваат отпадот.

„Преработката на риба генерира работни места,… вистина е. Но, ова се компании со профит од неколку милиони долари кои не сакаат да плаќаат за да го однесат отпадот во пречистителна станица што веќе постои во Порто Мадрин, вели Лада, додавајќи дека штетите врз живиот свет во езерото допрва ќе се истражуваат.

Поддржете ја нашата работа: