(ФОТО) Најчудните зачувани ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО на историски личности

Сите познати личностни низ историјата имале особености заради кои останале запаметени и денес. Кај дел од нив, тоа било убавината на нивното лице, кај други харизмата и срдечноста, а кај некои пак, катализатор на популарноста бил нивниот вроден талент за наука и уметност.

Поради сплет на околности, делови од телата на некои од најпознатите светски ликови во историјата и натаму ја гледаат светлината на денот, иако нивните сопственици веќе одамна се заминати „во земјата на соништата“.

Ова се дел од нив:

1. Мозокот на Алберт Ајнштајн

Еден од најпознатите научници на сите времиња. Починал во 1955 година, а неколку часа по неговата смрт мозокот бил изваден од неговата глава, наводно за патолошка анализа. Научниците сакале да ја воочат разликата меѓу мозокот на обичниот човек и оној на генијалците. Мистеријата не е расветлена, а мозокот и натаму е во тегла.

2. Косата на Че Гевара

Аргентинскиот револуционер би убиен во 1967 година од страна на боливиската армија. По убиството, агент на ЦИА успеал да дојде до неговото тело и да откине парче од неговата коса. Денес е во рацете на приватен колекционер, кој во 2007 – та ја откупил за 100 илјади долари.

3. Забот на Буда

Будизмот како религија е основан во 6 век п.н.е во Индија, од страна на Гаутама Буда. Овој духовен лидер бил мошне сакан и почитуван од неговите приврзаници. По неговата смрт, неговото тело било кремирано. Но, пред да започне огнената стихија, неколкумина од верниците успеале да извадат еден од неговите песјаци. Тој долго време бил чуван како свет објект. Денес се наоѓа во Шри Ланка.

4. Мозокот на Бенито Мусолини

Големиот италијански диктатор и лидер на италијанската фашистичка партија, во 1945 година бил стрелан од страна на италијанските партизани додека, со неговата љубовница, се обидувал да избега во Шпанија. Обдукцијата на телото се спроведувала во Милано, а дел од неговиот мозок побарале властите во САД. Откако ги извршиле посакуваните истраги, мозокот бил вратен на вдовицата на Мусолини, 21 година по неговата смрт. Таа, во 2007 – та го ставила на продажба на интернет страницата – и-беј, каде достигнал цена од 22 илјади долари.

5. Средниот прст на Галилео Галилеј

Познатиот математичар и астроном од времето на Ренесансата и вистински револуционер во науката, во текот на неговата кариера остварил неколку значајни откритија. Галилео бил обвинет од Католичката црква како безбожник заради неговите гледишта кон светот. По неговата смрт, во 1642 година, тој бил погребан во една мала просторија во базиликата Санта Кроче, во Фиренца. После 95 години од неговата смрт, неговото тело било пренесено во главната просторија во базилката, каде во негова чест бил изграден и споменик. За време на пренесување на телото, еден заб и три прста. Средниот, го обиколил светот и конечно бил поставен во музејот за историја на уметноста во Фиренца.

6. Парче од черепот на Абрахам Линколн

Шеснаесеттиот претседател на САД, бил застрелан во главата од страна на Џон Вилкс Бут, на 14 април 1865, во театарот Форд. Лекарите дале сѐ од себе да му го спасат животот, но кога го извлекувале куршумот од главата на претседателот, откршиле неколку парчиња од неговиот череп. Тие не се погребани заедно со телото на Линколн, туку заедно со куршумот се чуваат во американскиот национален музеј за медицина.

Поддржете ја нашата работа: