Јапонска фармацевтска компанија – Ивермектин сепак има антивирусно дејство

pixabay

Контроверзниот лек ивермектин покажал „антивирусен ефект“ врз Омикрон и другите варијанти на коронавирус во заеднички неклинички студии, објави во понеделникот јапонската фармацевтска компанија Kowa Co. Ltd, која соработуваше со Универзитетот во Токио, Китасато, за да го тестира препаратот како потенцијален лек за Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, тече клиничко испитување и на Универзитетот Оксфорд во Обединетото Кралство, но тамошните резултати се држат во тајност.

Ивермектин е популаризиран како лек за Ковид-19 од некои лекари дури и кога здравствените власти и производителот на лекови Мерк предупредуваа од недостаток на докази дека лекот делува и против вирусот.

Ивермектин првпат почна да се промовира како третман за Ковид-19 на почетокот на 2020 година, откако научниците во Мелбурн открија дека може да го инхибира САРС-КоВ-2 во лабораторија во високи дози.

„Некои лекари и здравствени системи со ентузијазам го прифатија пред да се спроведат какви било значајни испитувања на луѓе, а последователните испитувања беа главно мали и конфликтни“, напиша професорот Џастин Денхолм, главен истражувач на испитувањето во Австралија.

Веќе се објавени голем број ретроспективни прегледи и мета-анализи, кои во голема мера се согласуваат дека претходните студии генерално биле со низок квалитет и висок ризик од пристрасност, но нудат различни заклучоци за тоа дали ивермектинот ги подобрува резултатите.

Во септември, Австралиската администрација за терапевтски производи (TGA) им забрани на лекарите да препишуваат ивермектин, но сега, општите лекари можат да го препишуваат лекот само за состојби одобрени од TGA, како што се шуга и одредени паразитски инфекции.

„Овие промени беа воведени поради загриженоста за препишување орален ивермектин за наводна превенција или третман на Ковид-19“, рекоа тогаш од TGA.
Ивермектинот првпат беше откриен во 1975 година и влезе во медицинска употреба во 1981 година. Тој беше одобрен за човечка употреба во 1988 година.

Во 2015 година, Нобеловата награда за физиологија или медицина беше доделена заеднички на откривачите на Ивермектин, Сатоши Омура од Универзитетот Китасато и Вилијам Кембел од Мерк.

Лекот се продава во човечки и животински формулации.

Ветеринарите го користат против паразитски болести на домашните животни. Кај луѓето во форма на таблети се користи во Африка за лекување на интестинална стронгилоидоза и онхоцеркијаза – исто така познати како речно слепило, состојби предизвикани од паразитски црви.

Во август минатата година, американската ФДА им порача на Американците да престанат да го земаат лекот наведувајќи ја ветеринарната верзија.

Сега се чини дека ситуацијата е обратна.

Поддржете ја нашата работа: