Ќе не погоди ли после КОВИД-19 епидемија на грип и најлоши настинки досега?

За време на ригорозните епидемиолошки мерки поради КОВИД-19, социјалното дистанцирање, носењето маски и дезинфицирањето на рацете, луѓето не беа изложени на нормално ниво на вируси и бактерии, како вообичаено, и можно е да доживеат нагло зголемување на инфекции во контакт со било кој вирус.

Словенечкиот инфектолог и специјалист по интерна медицина во болницата “Charite” во Берлин, проф. д-р Андреј Трампуж изрази оптимизиам што се однесува на крајот на пандемијата, меѓутоа укажува на еден друг проблем кој би можек да се појави со симнување на маските. Тој објаснува дека маските не штитат од инфекција со коронавирусот, меѓутоа дека не е добро тоа што во изминативе две години поради коронавирусот и поради носењето заштитни маски, не сме се заразувале со други вируси, како што е грип, па не сме го добиле потребниот имунитет на грип.

“Поради тоа, мора да се подготвиме за грипот, бидејќи немавме природен ‘бустер’“, вели словенечкиот лекар.

Минатата есен кога почнаа да се отвораат, Британците масовно се жалеле дека ги покосила епидемија на “најлоши настинки досега“.

Британските медиуми пишуваа за лица кои се жалеле на силна болка во грлото и интензивна болка во синусите. Чувствувале дела глвата им пука, а целото тело им било послабо со помлаку сила. Повеќето помислиле дека се заразиле со КОВИД-19, но сите тестови биле негативни. Британските научници тогаш толкуваа дека веројатно е дојдено од имунитетен долг, што го споменуваат и други експерти.

За време на ригорозните епидемиолошки мерки поради КОВИД-19, социјалното дистанцирање, носењето маски и дезинфицирањето на рацете, луѓето не беа изложени на нормално ниво на вируси и бактерии, како вообичаено, и можно е да доживеат нагло зголемување на инфекции во контакт вирус.

Како што е познато, секаде во светот пред пандемијата, настинките не беа нешто што се сфаќаше сериозно. Беше сосема вообичаено настинат да се оди на работа, но Британците се се жалеле дека со оваа “супер настинка“ која траела повеќе од една недела, не биле способни за ништо, ниту им паѓало на памет да одат на работа. Проф. Роналд Еклс од Универзитетот Кардиф исто така се согласува дека е можно месеците на затворање го ослабеле имунитетот на вируси кои предизвикуваат настинка.

“Инаку, на тие вируси сме изложени секојдневно или на неделна основа. Но, сега сме како спортисти надвор од кондиција кои не тренирале една година. Одеднаш сме го добиле овој вирус и нашиот имун систем претерано реагирана него“, сликовито објаснува професорот.

Настинка предизвикуваат над 200 различни соеви на вируси, а нашето тело не произведува долготраен имунитет на настинка. Нивото на имунитет на вирус на настинка зависи од нивото на преостанатите антитела по настинката, а тие прилично брзо опаѓаат по почетната изложеност на настинка. Проф. Еклс заклучува дека настинката што есеноска ја покоси Британија е всушност респираторен синцитијален вирус (РСВ) кој кај повеќето луѓе предизвикува симптоми слични на настинка, но кај децата помлади од две години и постарите лица може да предизвика нешто посериозни болести. РСВ кај доенчињата е најчестиот причинител за бронхиолитис, воспаление на малите дишни патишта во белите дробови, а речиси сите деца до навршени две години добиваат инфекција предизвикана од РСВ. Овој вирус се вбројува во многу чести вируси, 65 проценти од децата со него се заразуваат до првата година од животот, а до третата година тоа се зголемува на 97 проценти. Со оглед дека по РСВ инфекцијата не останува трајна заштита, луѓето и подоцна во животот може да се заразат, но тие повторни инфекции имаат поблага клиничка слика.

Проф. Еклс укажува и на тоа дека во доживувањето на болеста не е неважени ниту психолошкиот елемент. “Две години не сме биле настинати, па сме заборабиле на симптомите и тогаш кога ќе не загребе грлото размислуваме“, ‘Што е ова сега?’. Ова посебно се однесува на родителите на доенчиња“, заклучува професорот.

Поддржете ја нашата работа: