10.000 или? Истражување покажало колку всушност чекори дневно треба да правиме

3.000, 5.000 или 10.000 – колку чекори е здраво да се направат секој ден? Откако имаме паметни телефони и часовници сите почнавме редовно да го следиме бројот на чекори што ќе ги направиме. Но, која бројка е идеална?

Пешачењето е здраво и кога и да сте во можност протегнете ги нозете. Излезете една станица порано од јавниот превоз, паркирајте го автомобилот на малку поодалечен паркинг или едноставно паузата на работа искористете ја да прошетате околу канцеларијата. Од вишок лекори глава никогаш не боли, а организмот е среќен.

Но, колку и некогаш да се трудиме, 10.000 чекори често е тешко да постигнеме. Се редат обврски кои мораме да ги извршиме и останува малку време на располагање. Дали навистина е нужно да се помине таа фамозна бројка секој ден?

Најново истражување покажало дека за нашето здравје и благодат на организмот потребно е дневно да се направат минимално 7.000 чекори.

Истражувањето во подолг временски период следел 2.100 возрасни лица. Резултатите покажале дека лицата кои правеле минимум 7.000 чекори дневно имале помала стапка на смртност од оние кои правеле помалку од оваа бројка.

Секако, колку повеќе чекори тоа подобро! Но, ова истражување покажало дека разликата од 3.000 чекори многу не влијае на здравјето, а полесно е дневно да се направат 7.000 отколку фамозната бројка од 10.000 чекори.

Поддржете ја нашата работа: