10 најголеми „дупки без дно“ на Земјата

Ова се 10-те најдлабоки јами во светот направени или од човечка рака или од самата природа. Покрај нив човек може да се чувствува само неверојатно ситен.

1.Портата од пеколот Дарвазе

Во Узбекистан, во близина на гратчето Дарвазе се наоѓа природен феномен кој заради неговиот изглед локалното население го нарекува „ портата од пеколот“. Подземната пештера пред четириесетина години случајно ја откриле геолози кои биле во потрага по земјен гас. Таа е толку голема, што за време на дупчењето во неа пропаднал целиот геолошки камп и опремата. Бидејќи била исполнета со гас, никој не се осмелил да се спушти внатре. За да го спречат истекувањето на гасот геолозите ја запалиле. Од тогаш, па до денес пештерата постојано гори. Никој не знае колку гас изгорел досега, нити дали пештерата некогаш ќе престане да гори. Дупката е со дијаметар од 70 метри, а длабока е околу 30 метри.

https://youtu.be/_toNHvH1eus

2.Рудникот Бингам кањон

Ова е најголемата јама на Земјата која е направена од луѓе. Се работи за рудник широк четири километри и длабок 1,2 км. Ископувањата започнале во 1863 година и оттогаш од него се извлечени 17 милиони тони бакар и 175  тони злато, како и 5.900 тони сребро од 2004 г. Се наоѓа во американската држава Јута, а работи и денес.

https://youtu.be/MY0r2xWPHXM

3.Јамата без дно

Одводот Монтичело, или како што уште го нарекуваат „света јама“ се користи кога браната е полна, па водата мора да се испушти од резервоарот. Благодарение на големина, во неа може да смести 14.400 кубни метри вода секоја секунда. Изградбата завршила после цели пет години во 1957 година. Широка е околу 20 метри, а длабока околу 214 метри. Водата во неа се излива смо во случаи на екстремни количини на вода, како што беше во мај 2006 година.

4.Големата јама

Рудникот за дијаманти Кимберли, познат и како „Големата јама“, во Јужна Африка е еден од најголемите рачно ископани дупки во светот. Помеѓу 1866 и 1914, повеќе од 50.000 рудари со лопати ископале огромна дупка. За време на ископувањето собрале околу 2.722 килограми дијаманти. Јамата е широка 462 метри, а во длабочина достига до неверојатни 1098 метри. Со текот на годините јамата се наполнила со вода, па видливи останале само 175 метри.

5.Сината јама

Иако на Бахамите постојат повеќе сини јами, „ Диновата сина јама“ (Dean`s blue hole) е со сигурност најголема. Сините јами претставуваат вертикални потопени пештери. Не се погодни за живот на повеќето морски животни, но се живеалиште на бројни бактерии. Диновата сина јама на Бахамите е длабока 202 метри и се претпоставува дека, како и останатите сини јами настанале за време на леденото доба кога нивото на морето било за 100 до 200 метри пониско од денешното. Според една легенда јамата ја направил ѓаволот, кој и денес ги предизвикува луѓето да влезат во неа, иако таму секоја година се одржува натпревар во нуркање.

6.Рудникот за дијаманти во Сибир

Рудникот „Мирни“ дефинитивно е најголемиот рудник за дијаманти , а бил и прв во светот. Длабок е 525 метри и со пречник на надворешниот круг од 1.200 метри. Над оваа јама е забрането да сe прелетува, бидејќи имало случаи кога овој ѕвер „вшмукал “ хеликоптери. Денеска е напуштен.

7.Змаевата дупка

Дупката на змаевите е 300 метри длабока подводна јама во Јужното кинеско море. Локалните жители ова јама ја нарекуваат „око“, а се наоѓа на подрачје кое моментално претставува едно од најопасните места на светот и околу кое  веќе со години се спорат Виетнам, Малезија, Индонезија, Брунеи, Филипини, Тајван и Кина. Нивната сина јама би го симнала од првото место досегашниот рекордер Диновата сина јама на Бахамите која е длабока 202 метри.

„Длабочината на јамата ја утврдиме преку серија калибрации и независно која ја користевме, сите покажаа дека јамата е длабока околу 300 метри“-  објаснува професорот Јанг Цуошенг од Кина.

8.Рудникот Дијавик

Овој канадски рудник е толку голем што има сопствен аеродром и писта кој може да прими Боинг 737. Особено убаво изгледа  кога водата околу него ќе замрзне. Секоја година тука се ископуват околу 1.600 килограми дијаманти, а се претпоставува дека ќе работи до 2023 година.

9.Јамата Беркли

Официјално еден од најголемите отворени рудници за бакар- Беркли, се наоѓа во САД. Долг е 1,6 километри и речиси до половина е исполнет со многу кисела вода (pH 2,5). Како последица на тоа, целиот рудник е богат со тешки метали и хемикалии, како бакар, арсен, кадмиум, цинк. Затворен е во 1982.

Image result for butte mine

10.Супердлабоката ископина Кола

Кон крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години од минатиот век и Советите и Американците почнале да прават планови самостојно да  ископаат што подлабока дупка во земјината кора. Советите биле поуспешни  1970 -2008 i нивната ископина на полуостровот Кола го држи светскиот рекорд како најголема јама насветот. Супердлабоката исопина  Кола се состои од неколку јами кои се разгануваат од една централна јама. Најдлабоката од нив, со име „SG-3“ има дијаметар од само девет сантиметри, но е длабока 12.261 метри.

Поддржете ја нашата работа: