Летечкото возило „TF-X“ доби дозвола за летање

Федералната администрација за авијација на САД и даде дозвола на компанијата „Terrafugia“ да може да врши тестови на небото на САД.

Моделот „TF-X“ што ќе се тестира нема да биде возилото со вистинска големина, габарити и луѓе во него, туку ќе биде помала верзија и ќе го управува компјутер.

Со нивниот намален модел ќе им биде дозволено да летаат до 121 метар надморска височина и да се движат со брзина од 160 км/ч. Тие ќе можат да го користат воздушниот простор на САД низ целата земја, но тимот зад проектот мора да биде во комуникација со надлежните органи цело време.

„Интензивните тестирања на летови со „sUAS“ [мали беспилотни системи Авиони], заедно со тунелско тестирање и аеродинамични симулации, се клучни за рафинирање на дизајнот на возилото”, рече „Terrafugia“ во изјавата за медиумите.

Според Аеро-Ен, овие тестови ќе бидат клучни за развојот на актуелниот „TF-X“ летечки автомобил, кој се должи на уникатен инженеринг на авионот. „Поради неконвенционалната конфигурација на „TF-X“, од витално значење е да се постигне одржлив и стабилен прототип прво со помалите модели пред да се развие прототипот со целосната големина”.

Ако „TF-X“ некогаш стигне на пазарот, тој ќе има брзина од 322 км/ч (200 милји на час) со 805 километри (500 милји) опсег на летање, и истиот поради специфичниот дизајн нема да има потреба од писта и ќе може да полетува и од земјиште.

Возилото ќе биде хибридно наменето за транспорт на четири патници и ќе вклучува акумулатори кои можат да се полнат или со неговиот мотор или на електрични пумпи каде ќе се полнат и електричните автомобили. Тој ќе биде доволно мал за да се вози на редовните патишта и да се вклопи во обичните гаражи, летовите ќе бидат компјутерски управувани, така што не ќе мора да бидете пилот за да возите вакво возило.

Поддржете ја нашата работа: