Twitter ќе ги продава нашите твитови за да профитира

„Twitter“ развива нов производ кој ќе им овозможи на брендовите да собираат твитови од корисниците и да ги користат како реклами за да се промовираат себеси на социјалните мрежи.

„Тwitter“ наводно ќе го контактира авторот на твитот и ќе побара дозвола пред да го испрати за рекламирање. Претходно, брендовите ги контактираа корисниците на социјалните мрежи за чиј твит се заинтересирани преку приватна порака, барајќи дозвола за преку иститот да ги промовираат своите производи.

Се’ уште не е познато колку долго ќе трае сето тоа и колку време ќе има корисникот за да одговори на барањето за дозвола.

Идејата позади овој потег е да се создаде стандардизирана функција која сите компании ќе можат да ја користат, а Твитер ќе може да профитира, известува Digiday.

Поддржете ја нашата работа: