3Д печатени музички инструменти

Гитарата, бас-гитарата, сајзерот и тапаните биле дизајнирани и изградени од страна на Олаф Дигел, професор по производен развој, кој вели дека 3Д печатењето им овозможува на музичарите да дизајнираат инструмент точно според нивните спецификации.

Овие музичари од Шведска велат дека се првиот рок бенд кој одржува концерти свирејќи само на 3Д печатени инструменти. Многу им се допаѓаат нивните нови инструменти. Главниот гитарист вели дека особено му се допаѓа неговата гитара дизајнирана во стилот на „Стимпанк“, додека басистот вели дека квалитетот на звукот е подеднакво добар како кај „Фендер“ гитарите.

{gallery}301-400/320{/gallery}

„Секој инструмент што го правам е уникатен. Го правам специјално за музичарот, а тоа е нешто што традиционалното производство не може да го понуди“ вели Олаф.

Тој сака да ги убеди тврдоглавите музичари дека 3Д печатените инструменти се прифатлива алтернатива за нивните драгоцени „Фендери“ и „Гибсони“. Тој вели дека полека ја освојува музичката заедница.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt