3D ѕид како виртуелна средина

Системот е развиен од страна на Ден Ејмс од Универзитетот „Бригам Јанг“ во Јута и група студенти, со цел да им овозможат на инженерите виртуелно да ги посетуваат градилиштата. Системот користи податоци од 3D камера направени на местата од интерес во екстремни временски услови, за истражувачите да можат да го искусат ефектот на природните непогоди.

Покрај спектакуларните глетки, „VuePod“ нуди и многу мали трошоци за изградба, само 30 илјади долари, односно околу 25 илјади евра со што претставува остварлива алтернатива на прескапите комјутерски виртуелни средини засновани на проектори (CAVEs).

Ако сакате да си изградите еден „VuePod“ за вас, деталите ќе ги најдете во весникот „Journal of Computing in Civil Engineering“.

Поддржете ја нашата работа: