Во јануари 2007 година, по скоро петгодишно истражување, нуркачите Стив Богарц и Роби Шмитнер пронајдоа премин помеѓу две подводни пештери на мексиканскиот полуостров Јукатан.
Така, Сак Актун – со 153 километри – стана најдолгиот подводен пештерски систем во светот. Сепак, рекордот не траеше долго. За Окс Бел Ха, најдолгиот познат подводен пештерски систем во непосредна близина на Сак Актун, беше откриено дека се протега на 164 километри. Рекордот е задржан до денес.
Испреплетените пештери на таа област најчесто се исполнети до врвот со вода што продира низ варовникот. Но, ако сте високи само неколку сантиметри, најверојатно би можеле да најдете комуникациски ходници помеѓу сите пештери, пишува Национална географија.
Нуркањата во пештерите обично траат од три до шест часа, но може и многу подолго, велат истражувачите.
„Тоа е најблиску до состојбата во која се наоѓаат астронаутите“, вели Стив Богарц, открувајќи ѝ на јавноста дека во потсистемот на пештерите се пронајдени три праисториски човечки остатоци.
Анализата на овие скелети сугерира дека Бел Ха најверојатно се користел како важно место за ритуално погребување.