Во Црното море откриен најстариот потонат брод

Тим подводни археолози, научници и истражувачи го откриле, како што се верува најстариот и недопред потонат брод на светот – трговски брод на стара Грција, чиј облик до сега е виден само како украс на антички керамички предмети.

Археолозите кои го истражуваат Црното море, соопштија дека бродот го пронашле во близина на бугарски брег, на длабочина од дури 2000 метри, во услови без кислород, благодарение на што античкиот брод опстанал до денес.

Со анализа на радиоактивниот јаглерод во примероците земени од бродот, експертите утврдиле дека бродот е стар над 2.400 години. Подводни археолози ја истражувале оваа област три години, користејќи технологија претходно достапна за претежно нафтени компании.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt