Светски познатата компанија „Амазон“ им се приклучи на компаниите како „ SpaceX “ и „ OneWeb “ и побара од американската регулациска агенција „Federal Communications Commision (FCC) “ дозвола за испраќање на консталација од 3.236 сателити во свемирот со цел истите да служат за пренос и дистрибуција на широкопојасен интернет до кој сеуште милиони луѓе во светот немаат пристап.
Планирано е сателитите да кружат околу земјата во 98 орбити на висини помеѓу 589 и 629 километри и истите би имале рок на траење од 10 години кога би ги напуштиле постоечките орбити со цел да не постанат космичко ѓубре.
Системот би можел да почне со работa уште со поставување на првите 578 сателити на вистинските позиции.
Поддржете ја нашата работа: