Два вида на габи кои биле култивирани заедно, продуцирале состојка која убива четири видови од бактеријата „Staphylococcus aureus“ ( МРСА) кои се отпорни на антибиотици.
Иако структурата на состојката наликува на познатите антибиотици, таа ги убива бактериите на сосема нов начин, велат истражувачите.
Двата вида габи биле изолирани од еден напуштен отворен рудник за бакар во државата Монтана во САД. Откако бил напуштен во 1983 година, рудникот Беркли Пит (Berkeley Pit) се исполнил со вода која е исклучително кисела – со РН 2,5 и исполнета со тешки метали, меѓу кои железо, бакар, арсен и кадмиум. Водата е толку токсична што била причина за смрт на некоку стотина снежни гуски мината година кои внатре се засолниле од невреме во текот на нивната годишна преселба.
Сепак, ваквите услови се погодни за живот на некои микроорганизми и тука се откриени цела низа на габични и бактериски видови. Веќе две децении хемичарите од Универзитетот во Монтана вршат анализи на необичните супстанции што ги продуцираат поедини габи кои живеат во водата и седиментот во овој рудник. Тие досега идентификувале габа која подуцира молекули кои ги убиваат клетките на ракот, наречена „Taxomyces andreanae“, како и организми кои синтетизираат молекули со антиинфламаторно дејство, но досега не откриле присуство на антибиотици.
Истражувачите решиле заедно култивираат два различни вида на „Penicillium fungus“ и после шест дена открле дека двете габи заедно продуцирале нови состојки, кои ниту една од нив не ги создава самостојно.
Молекуларната структура на овие состојки слична е со една позната група антибиотици, наречена макролити. Истражувањата покажале дека една од тие состојки – наречена „berkeleylactone A“ делува против бројни опасни бактерии на начин кој досега е непознат. За разлика од макролитите, оваа состојка не ги блокира рибозомите нити синтезатана протеините, што укажува на нивниот нов начин на делување. Истражувањата покажале и дека „berkeleylactone A“ не содржи шеќер нити двојна врска, што исто така упатува на нов начин на антибиотското дејство.
Сепак, и без тоа „berkeleylactone A“ успева да уништи четири видови на МРСА, отпорни на антибиотици, плус „Bacillus anthracis“ ( предизвикува антракс), „Streptococcus pyogenes“ (инфекции на грлото), „Candida albicans“ и „Candida glabrata“ (габи патогени за човекот).
На истражувачите сѐ уште им е нејасно на кој начин оваа состојка ги убива бактериите, но се отвара можност новиот механизам, кога ќе стане појасен да претставува основа за содавање на многу поефикасни антибиотици за борба против отпорните патогени.