Екстракт од Шитаке го искоренува ХПВ вирусот

Резултатите биле презентирани на 11-тата Меѓународна Конференција на Здружението за интегративна онкологија во Хјустон, од страна на главниот истражувач Џудит А. Смит, вонреден професор на одделот за акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на медицинскиот факултет (UTHealth).

Десет ХПВ-позитивни жени биле орално лекувани со екстракт „AHCC“, еднаш дневно во период од шест месеци. Пет од нив имале негативен резулат, кај три од нив вирусот бил искоренет по престанокот на конзумирањето на „AHCC“, додека останатите две жени се уште се испитуваат.

Во моментот, нема ефективен лек за ХПВ вирусот, којшто е поврзан со повеќе од 99 проценти од случаите на рак на грлото на матката. Според центрите за контрола и превенција на болести, и неколку други видови на рак се поврзани со ХПВ, вклучувајќи 95 проценти од случаите на рак на анусот, 65 проценти од рак на вагината, 50 проценти од рак на вулвата и 35 проценти од рак на пенисот.

„AHCC“ е лесно достапен додаток во исхраната, кој го подобрува имунолошкиот систем. Истражувањата покажале дека „AHCC“ го зголемува бројот и  активноста на клетките-природни убијци (NK cells) , дендритичните клетки и цитокините, кои му помагаат на телото да се бори против инфекциите и да го блокира растот на туморот.

„Резултатите се охрабрувачки. Утврдивме дека е потребен третман од најмалку три месеци, а кај некои се потребни и шест месеци. Бидејќи „AHCC“ е додаток во исхраната без несакани последици, во нашата втора фаза од клиничкото истражување планираме да го користиме шест месеци со цел да имаме стабилен план за лекување. Ова го потврдува нашето претходно претклиничко истражување“, вели Смит.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt