Вештачката интелигенција е најголемиот ризик со кој се соочуваме како цивилизација, рече извршниот директор на Тесла и Спејс Икс, Елон Маск, говорејќи на средбата на Националната асоцијација на гувернерите.
Претприемачот порача дека оние луѓе кои се во постојана потрага по добивање на повеќе нови технологии би можеле да заборават за опасностите кои потекнуваат од вештачката интелигенција.
Без валидни правила, индустријата ќе стане целосно автономна и тоа претставува закана не само за работните места, туку и за националната сигурност. Тор вели дека владата на САД сеуште нема валиден увид во развојот на вештачката интелигенција.
„Вештачката интелигенција може да започне и војна откако ќе пушти лажни вести до медиумите, да ги фалсификува електронските потписи и целосно да манипулира со информациите. Перото е посилно од мечот“, додава тој.
Исто така препорача дека треба да се основа регулативна агенција, чија задача би била целосно разбирање на вештачката интелигенција.
Освен за вештачката интелигенција, Илон Маск зборува и за електричните автомобили. Првиот човек на Тесла е уверен дека во следните 20 години сите ќе имаат автомобили кои што ќе можат да возат сами.