Како прво, би сакале да ви посочиме дека маските за лице НЕ ви помагаат да се заштитите од коронавирусот, не трошете пари за џабе.
Фејсбук ги суспендира огласите и списоците за трговија со маски за лице, велејќи дека социјалната мрежа „ќе направи неопходни ажурирања на нашата политика, ако ги видиме луѓето кои се обидуваат да ја искористат оваа здравствена вонредна состојба“. Фејсбук ќе започне со спроведување на својот потег во текот на следните неколку дена.
eBay затвори некои списоци поврзани со коронавирусот, а Амазон оваа недела соопшти дека ги казнува продавачите кои премногу накачуваат цени за маски за лице и слични здравствени средства.
Фејсбук соопшти дека внимава на околностите околу коронавирусот и болеста што ја предизвикува, КОВИД-19.
Исто така, се вели дека Инстаграм, што е во сопственост на Фејсбук, презема различни чекори за решавање на проблемите околу коронавирусот. Меѓу другото, Инстаграм отстранува дезинформации за коронавирусот и кога некој ќе кликне на хаштаг поврзан со појавата, Инстаграм покажува ресурси од ЦДЦ, Светската здравствена организација и локалните здравствени власти.
Инстаграм исто така забранува „реклами кои ја искористуваат ситуацијата“, како и испраќање на некои натписи до проверувачи на факти, блокирање на некои хаштагови и прикажување на сметките на водечките здравствени организации кога луѓето пребаруваат по термини кои имаат врска со КОВИД-19, пост вели.