Херпес вирусот има улога во развојот на Алцхајмерова болест?

Новата студија сугерира дека некои вируви можат да го зајакнат имунолошкиот одговор, што би можело да го забрзла таложењето на бета-амилоидите, мозочни протеини кои создаваат плакови својствени за Алцхајмерова болест. Во прашање е херпес вирусот.

Контроверзната теорија за Алцхајмеровата болест отсекогаш била одбиена од страна на експертите, но студијата на новиот тим можеби ќе ги променат овие ставови.

Студијата дава интересни докази за идејата дека вирусите се вмешани во Алцхајмеровата болест, особено два типа на херпес HHV-6 и HHV-7, кои повеќето ги добиваме на рана возраст, а кои понатаму муруваат во телото.

Во студијата, објавена во научното списание Neuron, се потврдува дека вирусите влијаат на гените поврзани со Алцхајмерова болест и можеби играат улога во развојот на болеста.

“Тие вируси веројатно се важни за активирање на имунолошкиот систем кај Алцхајмерова болест. Верувам дека тие делуваат како бензин на пламен во некоја патологија која е поттикната со имунитет”, вели Џоел Дадли, лидер на студијата.

Доколку ова се потврди, би можело да ја смени насоката на истражувањето и да отвори пат кон нови методи за лекување и дијагностицирање на болеста.

Во рамките на студијата се нализирани примероци од приближно 950 човечки мозоци и потвредена е поврзаност со генски, молекуларни и клинички симптоми на Алцхајмеровата болест.

“Станува збор за исклучително комплексна болест, а одговорот никогаш нема да биде недвосмислен. Доколку вирусите имаат било каква врска со ова, тоа мора да го проучиме”, вели Д-р. Џон Морис од центарот за истражување на Алцхајмер при медицинскиот факултет на универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој не работел на ова истражување.

Поддржете ја нашата работа: