Хобитите постоеле и живееле во Индонезија

Во 2004 година научниците привлекоа големо внимание со откритието на остатоци од суштество што многу наликува на Хобитите од книгата на Џон Р.Р. Толкин. Остатоците беа откриени на индонезискиот остров Флорес, па според тоа ова џуџесто суштество беше наречено Хомо флоресиенсис.

Тогаш тие сметаа дека се работи за огранок на добро познатиот Хомо еректус, но ова предизвика и жестока дебата помеѓу антрополозите.

Новото истражување спроведено од тим научници на Австралискиот Национален Универзитет, под водство на Деби Аргју, сугерира дека „хобитите “  еволуирале од многу постара врста на луѓе.

Овие древни луѓе биле вискои просечно метар и половина, а научниците со големо внимание повторно ги испитале сите досегашни остатоци откриени на територијата на денешна Индонезија

Во истражувањето што е објавено во списанието „Journal of Human Evolution”, исклучени се бројните теории за еволуцијата на Хомо флоресиенсис, вклучително и можноста дека се работи  само за мутација на „обичниот“ Хомо сапиенс.

Тие собрале 133 делови од черепот, вилиците, заабите, рацете, нозете и рамената, за споредба со другите  познати видови на примитивниот човек и утврдиле дека Хомо флоресиенсис, сепак  биле посебен вид  луѓе кои се развале паралелно кога и Хомо хабилис во Африка.

„Анализите покажуваат дека Хомо флоресиенсис бил сестринска врста на Хомо хабилис. Или Хомо флоресиенсис настанал уште во Африка, а потоа ја напуштил, или имале заеднички предок кој ги напуштил африканските простори и  некаде на тој пат се развил во хобит“– вели Аргју.

Ако е ова точно, тоа значи дека „хобитите“ живееле пред околу два до три милиони години.

Поддржете ја нашата работа: