Huawei работи на гласовен асистент за глобален пазар

СПОДЕЛИ

Компанијата Huawei, веќе неколку месеци работи на свој сопствен гласовен асистент кој е наменет за глобалниот пазар.

Својот гласовен асистент Xiaoyi, Huawei веќе го претстави на кинескиот пазар преку својот паметен звучник AI Cube. Истиот тој звучник се појави на европскиот пазар, но не со гласовниот асистент на Huawei, туку со Alexa на Amazon.

Развојот на гласовниот асистент за глобалниот пазар беше потврден од главниот извршен директор на Huawei, Ричард Ју, во интервју за CNBC.

Главниот извршен директор на Кинеската корпорација истакнува дека соработката со Амазонс и Гугл ќе продолжи на глобалниот пазар што се однесува до говорните асистенти се додека тоа е потребно, или додека Huawei не го комплетира развојот и адаптацијата на сопствениот асистент на меѓународниот пазар.

Засега не е прецизирано кога точно Huawei ќе го претстави својот говорен асистент надвор од Кина.

Дискусија

Коментари