Илон Маск доби дозвола за вселенски интернет

Американската федерална комисија за комуникации FCC и издаде дозвола на компанијата на Илон Маск, SpaceX за да понуди глобални сателитски услуги за Starlink интернет, со кој ќе им се обезбеди на луѓето на секое место на Земјата пристап до интернет.

Кога ќе биде довршен, сателитскиот систем ќе се состои од 4.425 сателити, кој ќе овозможи безжичен интернет, како ви-фи, а ќе работи на Ka-band (20/30 GHz) и Ku-band (11/14 GHz)фреквенциите.

Вселенскиот интернет треба да започне со работа веќе идната година, кога СпејсИкс, кој според очекувањата на Маск треба да донесе најмалку 800 сателити во орбитата, додека целата планета ќе биде покриена до 2024 година.

Лансирањата се веќе започнати. Претходно годинава SpaceX ги лансираше првите два сателити од планираните вкупно 12.000, а за деталите за услугите, цените, условите, опремата и останатите елементи, засега сеуште нема премногу информации.

Според финансиските пресметки, SpaceX очекува повеќе од 40 милиони претплатници на Starlink до 2025 година, што е еднакво на околу 30 милијарди долари приход.

Поддржете ја нашата работа: