Како настанала поштенската марка?

Првата поштенска марка настанала во четриесетите години од 19 век, за време на реформите во британскиот поштенски систем. Пред реформите, поштенскиот систем представувал легло на корупција и се наоѓал пред распад. Поштата разнесувала се и сешто, а не успевала да ја наплати доставата. Со појавата на поштенските марки, проблемите се решени на едноставен начин.

Првата поштенска марка Пени Блек

Првата маркица е позната како Пени Блек, а издадена е 1, мај 1840 година во Велика Британија, во рамките на иницијатива за промена на начинот на функционирање на поштенскиот систем. Иницијативата ја покренал Сер Роналд Хил, кој подоцна станал и директор на поштенската служба. На првата маркица Пени Блек се нашол ликот на кралицата Викторија, а од денешните се разликувала само по рамните ивици.

Британија биле единствената земја со поштенски марки. Како пронаоѓач на поштенските марки може да се запише Вилијам Доквра, британски трговец кој со својот колега Роберт Мари при нивната комуникација го воспоставиле тој систем. Реформата на поштенскиот систем вклучила и наплата, каде испраќачот морал да купи маркица со што ја плаќа услугата. Поштенските марки во наредните години станале доста побарувани.

Според податоците на Британскиот поштенски музеј, пред воведувањето на поштенските марки, во 1839 година, испратени биле 76 милиони писма. Додека 1850 бројот на доставени писма изнесувал 350 милиони. Многу брзо и останатите држави започнале да воведуваат ваков поштенски систем со поштенски марки.

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.