Како пукаат пуканките?

На сите ние е познат звукот при правењето на пуканки, всушност затоа и се викаат пуканки, бидејќи пукаат! Сте се запрашале ли некогаш како и зошто пукаат пуканките?

Група француски физичари, сакале да ја разрешат таа мистерија, како пукаат пуканките и од каде потекнува тој звук, па направиле едно истражување.

Тие претпоставувале дека звукот може да поттекнува од три извори: пукањето на „лушпата“ на пченката, ослободувањето на водена пареа со висок притисок од пченката, или пак од одбивањето на пченката од дното на садот. Користеле камера и микрофон за да го снимат тоа што се случува и откриле дека не се слуша никаков звук при првата пукнатина на пченката, туку при втората, што значи дека звукот го предизвикува водената пареа.


Секое зрно пченка содржи малку вода обиколена со скроб. Како што се зголемува температурата, водата испарува, се претвора во водена пареа  и го загрева и скробот, претворајќи го во лигава материја. При доволно голем притисок, лигавиот скроб се пробива преку „лушпата“ и брзо се лади, формирајќи го тој пуфкаст бел изглед на пуканката.

„Поточно, притисокот создава празнини во внатрешноста на пуканката, исто како акустичен резонатор“, објаснуваат научниците во нивните наоди, објавени во „Journal of the Royal Society Interface“. Истото сценарио е применето и кај „пукањето“ при отворањето на шампањско.

Истражувачите, исто така, откриле дека без оглед на големината и обликот на зрното пченка, пуканките пукаат на температура од 180° C.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt