Капсулата Драгон пристигна на Меѓународната вселенска станица (видео)

Вселенаката капсула Драгон на компанијата СпејсЕкс, во понеделникот пристигнала на Меѓународната вселенска станица(МВС), објави НАСА.

Капсулата носи 2,7 тони намирици и опрема за истражување.

Америкаските астронаути Пеги Витсон и Џек Фишер со роботска рака ја фатиле капсулата Драгон – првото вселенско летало кое ќе пристигне и ќе се врати од МВС откако е укината шатл програмата во 2011 година.

Се работи за 11-та мисија на СпејсЕкс за потребите на НАСА и прва во која СпејсЕкс лансира веќе користена капсула.

Всленските капсули за повеќекратна употреба се сметаат за клучни за намалување на цената на вселенските летови, во време кога НАСА почнува да ги користи приватните компании при операциите за снабдување.

Се очекува комерцијалните фирми во иднина до МВС да превезуваат и астронаути, а СпејсЕкс веќе ги најави плановите за прв вселенски брод за повеќекратна употреба.

Поддржете ја нашата работа: