Едно истражување од Универзитетот во Кент сугерира дека кокошките и мисирките искусиле најмалку промени на хромозомите во споредба со другите птици, како што еволуирале од нивниот предок, кој се смета дека е предувест диносаурус.
Истражувачите проучувале 21 примерок од птичји геном. Тие се фокусирале на шесте најдобро распоредени геноми за да формираат кариотип, односно организиран профил на диносаурусот за секој хромозом. Можноста да се одделат птичјите геноми им овозможува на научниците да ја дефинираат целосната организација на геномите и да го реконструираат процесот на еволуција.
Истражувањето од Универзитетот во Кент е само еден дел од истражувањето на конзорциумот од водечки научници во областа на птичји геноми, кои ја раскажуваат приказната за еволуцијата на видовите. Се смета дека потомците на диносаурусите биле подложени на брза еволуција откако повеќето видови на диносауруси биле збришани. Сепак, деталното семејно дрво на современите птици со векови ги збунува биолозите и многу малку се познати молекуларните детали за тоа како птиците достигнале биодиверзитет од повеќе од 10.000 видови.
Геномите на птиците се карактеристични по тоа што тие имаат повеќе ситни микрохромозоми отколку кој било друг ’рбетник. Се смета дека овие микрохромозоми биле присутни кај предците диносауруси. Резулатите покажале дека кокошката има шема на хромозоми која е најблиска до онаа на диносаурусите.