Копјутер го победи кинeскиот шампион во играта “Го”

АлфаГо (AlfaGo) програмата на Гугл е победник во првата од предвидените три партии во древната игра на табла Го (Go), против најдобриот играч на светот Ке Ји, во градот Вужен во Кина. Мечот траел четири часа и петнаесет минути. Во рок од  пет дена ќе игра и против другите надобро рангирани кинески играчи.

АлфаГо ја добил играта само за половина поен што претставува „најмала можна разлика“ изјавил Демис Хасабис, основач на ДипМајнд (DeepMind) компанијата на Гугл која го развила АлфаГо.

Во март мината година АлфаГо го победи Ли Седол, еден од најдобрите свески играчи на Го, добивајќи четири од пет игри.

Ји изјавил дека програмата е многу понапредна од минатогодишната победа и дека е „сосема поинаков играч“.

„АлфаГо за прв пат наликува на човек. Претходно имаше слабости, но сега се гледа дека неговото разбирање на Го и расудувањето во играта ги надминува нашите способности“– изјавил Ји на прес конференцијата.

Играчите на Го наизменучно поставуаат бели и црни камчиња на 361 пресек на правоаголната решеткаста табла и се обидуваат да ја завземат и да ги отстранат каменчињата на противникот од таблата, со тоа што ќе ги заобиколат со своите. Играта трае додека двајцата играчи не се согласат дек нема повеќе  слободни полиња или додека едниот се предаде.

Играта која настанала во Кина пред 2.500 години до сега не беше освоена од комјутерите, кои ги надмина луѓето во речиси сите други игри. Шахот беше совладан во 1997 година кога системот ДипБлу на ИБМ го победи светскиот шампион Гари Каспаров.

Го се смета за поголем предизвик, бидејќи има речиси бесконечен број на потези, потребни се интуиција и флексибилност, па играчите сметале дека ќе помине барем уште една деценија пред да може вештачката интелигенција да ги победи најдобрите светски играчи. Сепак, АлфаГо, прво во 2015 година го победи европскиот шампион, а во 2016 и Кореанецот Ли Седол.

АлфаГо ќе игра против Ји повторно во четврток, додека финалниот меч ќе биде во сабота.

Поддржете ја нашата работа: