Британскиот иноватор Ричард Браунинг направил костум за летање што потсетува на познатиот суперхерој Ајрон мен.
Овој изум кој е наречен „Daedalus suit“ ( костумот на Дедал) има мали млазни мотори на рацете, нозете и на грбот. Се придвижува со помош на многу запаливо гориво кое е сместено во посебен дел на костумот. Покрај ова, има и специјално дизајнирана кацига која ги прикажува основните податоци за летот, нивото на гориво и за работата на моторите.
Летањето го овозможуваат моторите на рацете низ кои силно дува топол воздух.
За изработка и тестирање на костумот на Браунинг му биле потребни 12 месеци пред да поднесе барање за патент на технологијата. За оваа цел Браунинг за основал компанијата „Gravity” и склучил партнерство со Ред Бул, кој поддржува разни ентузиастички потфати.
Костумот се разбира има „Wi-Fi“ „Bluetooth“ конекција за да може да се овозможи пренос на социјаните мрежи.
Погледнете како изгледа летањето на Брауинг