Луѓето кои не го менуваат својот лекар живеат подолго

Една студија покажува дека оние кои не го менуваат својот лекар живеат подолго.

“Имавме 9 различни земји на 4 различни континенти – и тоа во различни здравствени системи. Затоа мислиме дека не станува збор за влијание на средината и културата, туку тоа е човечкиот фактор”, вели Д-р Денис Переира Греј, лидер на истражувањето кое е објавено во списанието BMJ Open.

“Ние веруваме дека ова функционира на два начина. Пациентите разговараат со лекарите кои ги познаваат и на кои им веруваат, дури и кога станува збор за непријатни проблеми, а докторот исто така има повеќе информации и може да ги прилагоди советите кои ќе ги даде на одреден пациент”.

Претходните студии покажуваат дека пациентите се позадоволни кога подолго време одат кај истиот општ лекар и ваквиот континуитет на здравствената заштита води кон поголема веројатност дека потоа ги следат упатствата на лекарот и имаат помала веројатност да завршат во болница.

Со цел да се истражи дали континуитетот влијае на здравствената заштита според стапката на морталитет, научниците проучиле 22 студии кои опфаќаат општи лекари и специјалисти.

Во 18 студии е откриено дека подолгиот континуитет на здравствена заштита бил поврзан со понизок степен на морталитет, додека во 3 студии не е пронајдена никаква врска. Во една студија, базирана на бројот на барања за исплата на осигурување, утврдено е дека подолгиот континуитет е придружен со повисока смртност.

Во истата студија, добиените податоци покажале дека подолгиот континуитет е сепак поврзан со понизок степен на смртност. Тоа го истакнува интерперсоналниот однос помеѓу докторот и пациентот а пресметките врз основа на поднесените барања за одштета го даваат само односот на бројот на контакти со докторот и смртноста.

Резултатите од ова истражување сугерираат дека здравствените системи во светот треба да имаат приоритет во обезбедувањето континуитет на здравствената заштита, истакнуваат авторите.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.