Најголемата пчела на светот сепак не е изумрена

Најголемата пчела во светот повторно е откриена откако научниците со децении ги сметале гигантските видови на овој инсект за исчезнати.

Гигантската пчела (Megachile pluto), која е со должина на човечки палец, била пронајдена на еден слабо истражуван индонезиски остров.

Малку попозната и како Валасеова џиновска пчела, овој инсект е наречен по британскиот природонаучник и истражувач Алфред Расел Валас, кој прв го опишал во 1858 година. Научниците откриле неколку примероци од овој вид во 1981 година, но оттогаш не биле видени.

“Никој оттогаш не ги видел”, вели Робин Мур, биолог и директор за комуникации при организацијата Global Wildlife Conservation, кој ја финансирал експедицијата. “Се плашевме дека исчезнала”, вели тој.

“Беше апсолутно зачудувачки да се види овој инсект, што нè убеди дека тој сè уште постои и живее во Индонезија. Да се чуе неговото зуење беше неверојатно искуство”, вели фотографот Клеј Болт.

Големите опрашувачи не е лесно да се пронајдат. Пчелите се кријат во хумусна земја која ја градат термитите. Тие висат на стебла на отприлика осум метри или повисоко. Со цел да се извлечат пчелите, биолозите морале да бараат по таквата земја. Тимот пребарувал безуспешно дури и по четири дена.

Сеедно експертите се загрижени за судбината на пронајдениот вид на пчела, бидејќи таквите примероци и порано биле мета на лов и продажба.

Причината зошто оваа пчела е толку голема е сеуште непозната.

Поддржете ја нашата работа: