Најморничавите напуштени места на светот

Во светот постојат неколку напуштени места, а приказните што се поврзани со нив се прилично бизарни и морничави.

Санзи НЛО град

На северниот брег на Тајван во 1978 година требало да никне ново одморалиште. Меѓутоа, изградбата на необичните куќи – во  форма на НЛО, престанала после две години, откако се случиле неколку мистериозни смртни случаи кои ги преплашиле инвеститорите. Суеверните локални жители сметале дека местото било проколнато, откако поради изградбата била срушена скулптура на змеј.

Неколку работници извршиле самоубиство бидејќи , наводно виделе духови на луѓе кои загинале во сообраќајни несреќи. Според  други  приказни  на тоа место се наоѓале гробови на холандски војници. Објектите биле демолирани 30 години подоцна.

Болницата Ховринскаја

Изградбата на московската болница во форма на знакот за предупредување од биолошки отпад, започнала во 1980 година, но пет години подоцна, наеднаш била прекината. Напуштената зграда со 1.300 кревети сега е прекриена со графити, со распаднати подови и поплавени подруми. Постојат гласини дека полицијата во 1990 година тука заробила и убила членови на некој култ за да сопре жртвувања. Наводно, во 2005 година таму се самоубил еден 16-годишник, а еден истражувач е убиен во 2011 година.Сите кои се обидуваат да дојдат во ова место се предупредуваат дека ходниците во зградата се населени со бездомници, зависници и криминалци.

Молодијазнаја

Овој советски истражувачки центар е замрзнат во времето на брегот на антарктичкото Космонаутско море. Под снегот се закопани искршени советски летала. На ова место се срушил и авионот Иљушин Ил-14, во јануари 1979 година, поради дефект на моторот, а  во несреќата загинале сите четири патници. Оваа база била изградена во 1962 година како лансирно место за тестирање на повеќе од 1.000 ракети. Пропаднала со падот на Советскиот Сојуз, а сега пристап им е дозволен само на мал број на  научници.

Кино на крај на светот

Отвореното кино со име „Глава во ѕвездите“ било изградено на почетокот на милениумот во централниот дел на Синајскиот полуостров во Египет. Но во текот на неговото постоење не бил прикажан ниеден филм.Имено, на самиот ден на отворањето, бил саботиран неговиот генератор. Естонскиот фотограф  Каупо Кикас повторно го „откри“ киното во 2014 година, кога направил и серија фотографии. Кратко време после тоа, киното било уништено.

Дарфур

Во 2003 година, владата на Судан започнала програма за етничко чистење со раселување на  не-арапското население во областа Дарфур. Биле убиени десетици илјади цивили, запалени домови и опустошени цели села, оставајќи зад себе црни кругови на земјиштето. Се проценува дека околу три милиони лица биле присилени да ги напуштат своите села и да станат бегалци во кампови од шатори.

Поддржете ја нашата работа: