Австралиската риба дводишалка, наречена „Дедо“, за која се верува дека е најстариот примерок на риба во заробеништво, починала после 84 години поминати во аквариумот „Шед“ во Чикаго.
Се претпоставува дека рибата доживеала старост од 90 години, од кои поголемиот дел ги поминала во американскиот аквариум во кој била донесена од австралискиот аквариум, далечната 1933 година.
Рибата била еутанизирана, откако почнала да дава знаци дека органите и откажуваат и губи апетит. „Дедо“ бил со должина од 1,2 метри и тежок 11,3 килограми.
Се претпоставува дека во текот на децениите „Дедо“ го виделе повеќе од 100 милиони луѓе.
Инаку, австралиската дводишалка е заштитен вид и може да живее и до 100 години. Се пари еднаш на пет години, така што не се особено бројни животни.
https://youtu.be/Kx2_TwHCDkI