Најстарата слика од животни е пронајдена во пештера во Индонезија

Научниците го пронашле најстариот цртеж од животни, црвена силуета која наликува на бик, на ѕидот на една запоставена пештера во Индонезија, се вели во списанието Nature.

Тој цртеж е стар најмалку 40 000 години и е нешто постар од сличните слики во пештерите на Европа, за кои експертите веруваа дека се први такви креации во човечката историја.

Со датирање на новопронајденот цртеж во Индонезија, заедно со други цртежи пронајдени во Југоисточна Азија, сведочат дека првото фигуративно сликарство постоело во Европа и Азија во исто време.

Истражувачите исто така анализираат отпечатоци од прсти и цртежи со луѓе пронајдени во пештерите на островот Борнео.

 

Дискусија

Коментари