За 29 март, НАСА ја закажа првата прошетка низ Вселената само за жени. По тој повод, поддршка од Земјата, исто така ќе обезбеди жена.
Астронаутките Ен Меклејн и Кристина Кох ќе ја водат прошетката во Меѓународната вселенска станица, потврдува портпаролката на НАСА, Кетрин Хамблтон.
Како што се наведува во соопштението, астронаутките и досега биле дел од вселенските експедиции, а ова ќе биде првпат во историјата ваков лет да биде изведен само со жени.
Од контролниот центар на НАСА ќе управува Кристен Факиол, која ќе биде зад конзолата сместена во истражувачкиот центар „Џонсон“ во Тексас.
Рускиот вселенски брод „Сојуз“ ќе биде лансиран од космодромот во Бајконуру во Казахстан, а една недела пред тргнување, НАСА ќе ги објави нивните активности.
Поддржете ја нашата работа: