Што е N.A.S.A Space Apps Challenge – Macedonia?

СПОДЕЛИ

NASA Space Apps Challenge Macedonia претставува интернационален настан, во кој учество земаат тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, при што соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Одлична можност за учење, надградба, развивање на прототипи и флексибилни решенија за проблемите на планетата земја кои што се во фокус во овој циклус на натпревари, па дури и лансирање на старт-ап кариера со приложениот финален труд на учесниците.

Моите искуства со Њу Менс Бизнис Акцелераторот и НАСА Спејс Апс Чаленџот се одлични. На моето прво пријавување со тимот „Ламбда“ освоивме прво место, а наредната година бев Џуниор Ментор. Во меѓувреме изучував мехатроника, роботика и вградливи системи на Њу Менс Бизнис Академијата. Научив доста, а акцелераторот помогна во лансирање на мојата академска, а воедно и инженерска кариера. Активно ги применувам своите вештини на овој хакатон, а посветено ќе работам и оваа година како горд ментор и на овој јубилеј.

За наградата, конкретно во Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади натпреварувачи, кои во рок од 48 часа заеднички ќе работат на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компании поддржувачи на овој настан, најавија од ЊуМенс Бизнис акцелераторот.

Победничкот тим од Македонија ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија.

Петтото издание на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge ќе се одржи од утре до 30 април во Скопје, во организација на Њу Менс Бизнис акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата, под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

На светско ниво станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на шест континенти, во 170 градови, со над 15.000 учесници, а броевите се зголемуваат секоја година, како со нови локации така и со раст на учесници. Активностите ги раководи NASA, од каде за време на хакатонот, ќе им стават на располагање на учесниците отворени податоци од своите истражувања, како и свој тим на експерти со кои учесниците ќе можат да комуницираат за време на натпреварот.

Свеченото отворање  на натпреварот се одржа денес 4/28/2017 во 13 часот во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), а натпреварувачките активности се предвидени за време на викендов во просториите на ЊуМенс БА.

Предизвиците за натпераврот се достапни на  https://2017.spaceappschallenge.org/challenges/, а пријавувањето се вршеше на: http://bit.ly/spaceappsmk2017.

Њу Менс Бизнис акцелераторот истовремено го организира овој настан и во Силиконската долина, која е прогласена од NASA за една од двете главни сцени на светско ниво, поради што учесниците од Македонија ќе можат да соработуваат и со тимовите и експертите од NASA и индустријата и од оваа локација. Тимот на Њу Менс Бизнис акцелераторот на чело со Ирена Н. Чаушевска оваа година слави мал јубилеј организирајќи го овој настан по петти пат. Низ годините успешно се пласираше не само во Македонија и Европа туку и на светско ниво, а оваа година искачи уште повисок стандард, поради пласираниот квалитет и напорната работа вложена за максимално да се употреби неискористениот потенцијал на идеи од младите кои што учествуваат на овој настан.

Партнери на Њу Менс БА за натпреварот во Македонија се Амбасадата на САД во Македонија и телекомуникацискиот оператор Вип.

– Постои шанса за глобален успех од Македонија, а тоа е  NASA Space Apps Challenge, порача на отворањето на натпреварот Стефан Савевски (Local Lead) од Њу Менс Бизнис акцелераторот, кои што со Голдилокс Стејт Фондацијата, се организатори на натпреварот.

Како што посочи Савевски, натпреварот е глобален настан што се одржува на над 150 локации со 150.000 учесници кои во истовреме решаваат проблеми кои ги задава НАСА, од каде им ги  ставаат на располагање своите ресурси за да можат да дојдат до што поконкретни и пореални  решенија кои би се употребите за подобрување на животот во земјата и натпреварот. Учесниците, во текот на натпераврот ќе можат да комуницираат со тим од експерти.

Според деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев, младите инженери по информатика од Македонија имаат потенцијал за рамноправен натпревар со своите врсници од светот.

– Голем дел од натпреварувачите се од ФИНКИ и победуваат. Натпреварот се усовршува  и се надевам дека студентите ќе продолжат да  се пријавуваат на вакви настани, ќе ги докажуваат своите капацитети и ќе ја промовираат нашата земја и информатика меѓу своите врсници низ светот, изјави Чорбев.

Им посакувам среќа на сите и добар пласман на најдобро изработените идеи! Се гледаме на менторските сесии!

Дискусија

Коментари