Научниците успеаја да ја променат насоката на движењето на времето со квантен компјутер во една нова студија која е спротивна на воспоставените закони на физиката.
Овој развој на случувања исто така помага за подобро разбирање на квантните комјутери, па научниците користејќи ги електроните и квантната механика успеале да го вратат времето во експериментот чии резултати се еднакви на тоа дека скршената топка од билијард ќе ја вратиме во првобитна форма.
Истражувачите доаѓаат од Москва, поточно од Институтот за физика и технологија, а им асистирале колеги од Швајцарија и САД. Очекуваат оваа техника да може да се развие и да биде поуспешна со текот на времето.
“Креиравме состојба која оди во спротивен правец од нормалната термодинамичка насока во која оди времето”, вели Горди Лешовиќ, еден од научниците.
“Временската машина” е всушност квантен компјутер кој го придвижуваат електронските кубити. Кубитот е збир на информации кои се опишуваат со броевите еден и нула. Во истражувањето, кубитите се менуваат во комплексна формација на еден и нула. Во овој процес, редот се губи, исто како кога ќе ја скршите триаголната формација на топката на масата за билијард – пренесува Independent.
Потоа направиле втора програма која би го вратила нередот во ред (ентропија) т.е. која ќе ги врати предметите во првобитниот облик. Тоа всушност претставува враќање на кубитот во неговата стартна позиција.
Научниците сфатиле дека ако се работи со само два кубити *враќањето на времето има 85% шанса да успее. Кога во експериментот се користат три или повеќе кубити, шансите за успех се намалуваат за 50% и доаѓа до повеќе грешки.
Тие очекуваат дека бројот на грешки може да се сведе на минимум со текот на времето и сметаат дека ова откритие би можело да биде практично во развивањето на квантните компјутери.