Невидливи скулптури, спој на уметноста и науката

Во еден момент привлекува внимание како посебна скулптура додека во следниот момент исчезнува. Скулптурите кои се невидливи се дело на германскиот уметник Јулијан Вос Андреа, кој дипломирал квантна физика и затоа неговите дела се комбинација на физика и уметност. Првата скулптура ја направил во 2006 година.

„Мојата позадина во физика и истражувањата во овој правец покажуваат колку е чудна реалноста во природа. Ова е местото каде ги работам скулптурите, тука можете да ги видите сите парчиња“, вели Јулијан Вос Андреа

За комбинирање на науката и уметноста, Јулијан користи 3Д принтер. Прво ги слика сите делови од објектот, а потоа собраните податоци ги моделира скулптурите на компјутер. Во фазата на обработка, неговиот тим користи ласерска технологија за сечење на железото, бронзата и титаниумот, кои потоа спојуваат стотици парчиња метал.

Металните плочки се поставуваат врз рамна површина и тоа прави да исчезнуваат кога ги гледаш од одреден агол.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.