Истражувачи од Масачусетскиот технолошки институт (MIT) дизајнираа нова архитектура на суперспроводлив кубит што истовремено овозможува долготрајно чување податоци и брза интеракција со останатите делови од квантното коло.
Кубитите се основата на квантните компјутери, но се исклучително чувствителни на надворешни влијанија. Кога ќе ја изгубат својата квантна состојба, настанува декохеренција, која внесува грешки и може да ги прекине сложените пресметки.
Новиот дизајн, наречен „arm qubit“, има два поврзани дела. Едниот служи како стабилен режим за складирање податоци, додека другиот дел, замислен како „рака“, се поврзува со други кубити, резонатори и електрониката за читање на резултатите.
Клучна улога има специјален уред наречен квартонски спојувач. Тој овозможува силна нелинеарна врска меѓу двата режима и го намалува нивното несакано мешање. Така кубитот може да извршува операции и да се чита побрзо, пред да ја изгуби квантната состојба.
Симулациите покажале дека архитектурата може да обезбеди комбинација од долги времиња на кохеренција, побрзи операции и попрецизно читање во споредба со други суперспроводливи кубити. Ова би можело да помогне во развојот на квантна корекција на грешки и на компјутери способни да извршуваат долги алгоритми.
Сепак, дизајнот сè уште не е тестиран во физички изработен систем. Следниот чекор на тимот е производство на „arm“ кубит и проверка дали неговите својства од симулациите ќе се потврдат во реални услови. Истражувањето е објавено во списанието Physical Review Applied.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























