Нова студија: Диносаурусите не исчезнале поради удар од астероид!

Во една нова студија спроведена од страна на Универзитетот Сани во Њу Јорк, двајца експерти од истиот универзитет ги опишале факторите кои претставувале закана за опстанокот на диносаурусите, дури и пред доаѓањето на астероидот, а се одговорни за нивното истребување пред 65 милиони години.

Научниците проценуваат дека отровните растенија и послабиот одбрамбен механизам на диносаурусите ја играле клучната улога во нивното исчезнување од Земјата.

Професорот Гордон Галуп и неговиот поранешен студент, Мајкл Фредрик, во своите анализи, го истакнуваат недостатокот на “аверзија кон научениот вкус” кај диносаурусите. Станува збор за одбрамбен механизам кој им овозможува на животните да асоцираат одреден вид на храна со лоши последици, како што е гадење.

Професорот Галуп посебно ги нагласил глувците со цел да ја опише користа од аверзијата кон научениот вкус.

“Причината зошто повеќето обиди за елиминација на стаорците не биле успешни е дека тие, како и многу други видови, развиле начин да реагираат правилно на токсични растенија. Кога стаорците ќе наидат на нова храна, пробуваат само мал примерок, па доколку не им одговара, максимално ја избегнуваат истата, бидејќи го поврзуваат тој вкус и мирис со негативна реакција”.

Овие цветни растенија (Angiospermae, Magnoliophyta, Magnoliophytina), се оние кои се појавиле пред астероидот, и пред диносаурусите да почнат да исчезнуваат – покажуваат фосилите. Научниците изнесоа нова теорија во која тие сметаат дека можеби овие растенија се одговорни за исчезнувањето на диносаурусите.

“Додека растенијата еволуирале и развивале токсична одбрана, диносаурусите и натаму ги јаделе, без оглед на гастроинтестиналните проблеми”– вели проф. Галуп.

Научниците признаваат дека точниот временски период за појавувањето на токсини кај овие цветни растенија сеуште неможе да се одреди со голема точност, но не постои сомнеж дека постепената токсичност и исчезнувањето на диносаурусите почнале да се случуваат во исто време.

Иако астероидот ја одиграл последната игра, физиолошкиот дефицит поради кој диносаурусите не биле во состојба да научат да е хранат само со одредени растенија премногу ги ослабел.

“Преовладувајќи погледот на изумирање на диносаурусите кој се темели на удар од астероид имплицира дека нивното исчезнување би требало да биде ненадејно, но доказите јасно укажуваат на спротивното – диносаурусите почнале да исчезнуваат долго пред ударот од астероид и продолжиле да исчезнуваат постепено уште милиони години подоцна”.

Поддржете ја нашата работа: