Огромен горила се дружи со малечок галаго цицач

СПОДЕЛИ

Бобо, 25 годишниот западно-низиски горила неодамна стекна ново пријателство, а нивниот однос го разнежни скоро целиот свет.

Непрофитната организација “Ape Action Africa”, која се занимава со зачувување на загрозени горили, шимпанза и други видови на мајмуни, е основана во 1996 година, а нејзините членови се уште наоѓаат начин да ги изненадат и разнежнат своите обожаватели.

“Во текот на вообичаените утрински посети, нашиот чувар неодамна забележал необична сцена – Бобо си играше со малечко бебе од видот на цицачи галаго” – вели Елиса О Суливан, портпарол на организацијата. “Малечкиот галаго воопшто не бил исплашен. Скокал низ тревата, а потоа одлучил да го гушне Бобо”.

Бобо, инаку е доминантен предтавник на својата група која се состои од три женки и тројца мажјаци. Мажјаците Кибу и Никмам, неколку пати пробале да му ја земат титулата лидер на Бобо, но безуспешно. Меѓутоа, сега е јасно дека и огромниот Бобо има своја нежна страна.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ