Откриен древен град закопан под земја

Археолозите открија остатоци на изгубениот град на врвот на еден рид кај низините на Тесалија во Грција, на околу 300 километри северно од Атина.

Староста на населбата се проценува на околу 2500 години, со најголем дел закопан под земја, што е причина за тоа што досега никој од локалните истражувачи не ја воочил.

Истражувајќи ги урнатините од селото „Vlochós“ на ридот „Strongilovoúni“, археолозите наишле на остатоци од кули, ѕидови и градски порти кои припаѓаат на древниот град во областа на која досега се гледала како надвор од патот, мислејќи дека не би било лесно да се најдат остатоци.

Сепак, тимот набрзо сфатил дека се наоѓаат во областа на некогашната метропола.

s1„Откривме градски плоштад и улична мрежа, што значи дека се работи за прилично голем град. Областа во рамките на градските ѕидини е поголема од 40 хектари”, објаснува лидерот на тимот Робин Ронланд.

„Исто така, пронајдовме античка керамика и пари кои обезбедуваат доказ за големината на градот”, додава Ронланд.
best-practice-single-line-sumary-of-the-person-event-sceneНајстарите пронајдоци се од периодот приближно 500 години пред новата ера. Се претпоставува дека градот цветал од четвртиот до третиот век п.н.е, по што жителите го напуштиле од некоја причина. Можеби заради доаѓање на римски освојувачи.

Наместо да се раскопува околниот терен за да стигнат до остатоците на градот, археолозите имаат намера да користат радар за преглед на подземните остатоци, со цел да не се предизвика било каква штета.

„Oна што во минатото се сметало за остаток од неважни населби, денес се доживува како откритие од голема важност”, рече Ронланд, и додава: „Причината за фактот дека никој не ја проучувал планината останува мистерија”.

Поддржете ја нашата работа: