Оваа река е премногу жешка и никој не знае зошто

СПОДЕЛИ

Звучи како приказна која се раскажува на деца, но оваа река е вистинска и смртоносна. Кога Андре Рузо пораснал во Перу, Лима, неговиот дедо му раскажувал неверојатна приказна за антички изгубен град од злато во прашумата на Амазон и за реката чија вода врие поради високата темпеатура. Кога пораснал, Рузо станалгеотермален научник и одлучил да го истражи митот кој го правел неговото детство забавно.

Тој направил тим од научници и со внимателно проучување на картата пронашол голем број геотермални извори – повеќе од што било кој очекувал од местото кое не е познато по својата вулканска активност.

Иако други луѓе од неговата професија ја занемарувале таа експедиција, Рузо бил одлучен да го разреши тој мит засекогаш, па се упатил кон џунглата.

Кога најпосле ја пронашол мистичната река, прво што забележал е дека била жешка но не вриела. Измерената температура изнесува околу 93 степени Целзиусови, со некои варијации во различни периоди од денот.

Оваа температура е доволна за да над неа се издигнува пареа, но и да го убие секое живо суштество кое ќе влезе во неа.

Одговорот кој е тежок да се даде е оној на кој се однесува прашањето зошто оваа река е воопшто жешка. Една теорија вели дека нејзината температура има вулканско значење, односно резултат на претходно незабележани текови на магма. Друга хипотеза пак, вели дека температурата е резултат на катастрфа како на пример, верижна реакција под земјата, предизвикана од некоја блиска нафтена компанија.

Сепак втората хипотеза се смета за помалку веројатна, бидејќи записите за реката постојат неколку стотици години. Единствената друга реална теорија која нема никаква врска со вулканските карактеристики е тоа што водата во неа доаѓа од длабочините на Земјата, каде што температурата на водата е природно екстремно висока, но научниците едноставно не можат да бидат сигурни за да застанат зад овој впечатлив и многу опасен феномен.

За да ја разберете целата приказна која е доста интересна може да ја прочитате книгата на Андре Рузо, наречена “The Boiling River”, но пред тоа погледнете го видеото:

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------