Персонален стилист: Новата камера Echo Look ќе процени дали добро сте облечени

Компанијата Amazon вчера го претстави новиот уред – говорен асистент Echo Look. Тоа е апарат кој со помош на вештачка интелигенција дава модни совети и проценува дали сте добро облечени.

Од Амазон го опише Echo Look како паметно огледало со кои можете да разговарате и да се фотографирате од различни агли, а потоа со помош на уредот да процените дали сте ја одбрале најдобрата дневна комбинација, пишува The Verge.

Уредот Echo Look, требаше да биде претставен минатиот месец како сигурносна камера, Меѓутоа откако беше надограден со ЛЕД светло, микрофон и држач за ѕид, од Амазон сфатиле дека уредот би бил одличен за персонален стилист.

На Echo Look исто така може да ја инсталирате апликацијата Style Check, која ги споредува повеќето дневни комбинации и ви кажува која е најдобра. Како и на оригиналниот звучник, и на уредот можете да го прашате вашиот личен агент Alexа да ви ги прочита новите вести, да пушти музика или да ви каже каква е состојбата на патиштата.

Заинтересираните потрошувачи може да го нарачаат уредот преку Амазон, а истиот чини околу 200 долари.

Поддржете ја нашата работа: