Оваа недела во Денвер е претставен прототип на суперсоничниот патнички авион, кој претставува револуција во авиосообраќајот.
Со новиот авион, познат под името „Baby Boom“, летот од Лондон до Њујорк би требало да трае три и пол саати.
Повратна карта би требало да чини пет илјади амерички долари, а пробен лет на авионот би требало му се случи во 2017 година во Калифорнија.
Брзина и до 2300 км на час.
Го направиле фирмите „Virgin Galactic“ и „Boom Technology“.
„Веќе подолго време сум опседнат со иновациите во зрачниот простор и развојот на брзите комерцијални летови. Како иноватор во свемирот, одлуката на „Virgin Galactica“ да работи на „Baby Boom“ беше спонтана. Возбудени сме поради овој проект“-рече Ричард Брансон, основачот на компанијата „Virgin Galactic“.
Тој исто така потврди дека неговата компанија има опција да купи десет авиони од тој тип, пренесува „Daily Mail“.
„Ние уште од 1960-та година летаме со иста брзина. Сега имаме технолошки можности да го промениме тоа“-кажува Блејк Шол, генералниот директор на „Boom“.
Авионот би требало да развива брзина од 2,3 илјади километри на час. Го направиле експерти од „SpaceX“, „Boeing“ и НАСА.
