„Google Glass“ беа откриени во 2011 година, но имаа големо влијание во средината на 2012 година кога компанијата ги демонстрираше на една конференција со помош на падобранци и велосипедисти.
Меѓутоа, многумина од оние кои работеле на развојот на оваа технологија не биле задоволни со ова јавно претставување, бидејќи проектот не бил целосно завршен, а тоа би значело дека и крајниот развој ќе треба да се претстави јавно. Па, поради контроверзноста која целиот проект ја доби, некои од главните истражувачи го напуштиле проектот.
Сега, развојот на новата верзија ќе го води Тони Фадел, поранешен дизајнер на многу гаџети на „Apple“, и ќе биде пуштен во продажба откако целосно ќе се заврши.
Постојат шпекулации дека на Фадел ќе му биде потребно долго време да го „ресетира“ проектот поради слабите резултати на претходните верзии.